Доколку немате многу време за готвење, сакате десерт чии состојки не се базираат на млечни производи, а се вкусни – ова е вистинскиот рецепт за вас. Овие намирници сигурно ги имате во домот, па одвојте 10 минути и почестете се со овој лесен и брз рецепт.
Вегански чоколадни бомбици од 3 состојки
Потребни состојки:
120 грама ореви
200 грама урми
2 лажици какао
Начин на подготовка
Најпрво ставете ги оревите во блендер и мелете додека не забележите дека сте добиле смеса во прав. Додајте ги урмите и какаото и мелете додека не се добие изедначена смеса.
Со влажни раце обликувајте ја смесата во вид на топчиња, а доколку е многу леплива и тешко се обликува, во неа додајте уште малку мелени ореви и оставете ја во фрижидерот 10-15 минути.
Уживајте!