Универзитетскиот професор, Вело Марковски денеска информира дека планира да се кандидира за претседател на државата, а одлуката ја донел после средби, разговори и поддршка од граѓаните. На прес-конференција, тој најави дека собирањето на потписи за кандидатурата ќе ја започне 15 дена откако ќе се распишат изборите, како што стои во Уставот.
- Руски спортист убиен со ловџиска пушка, нападот бил планиран и извршен од заседа
- Невролог открил кои дневни навики го зголемуваат ризикот од мозочен удар
- Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, но нема да правиме компромис со нашиот идентитет
- Консумирањето повеќе од овие хранливи материи може да го намали ризикот од мозочен удар
- Рама: Албанија е поблиску од кога било до европското семејство
- Кошта со порака до македонските граѓани: Вашата земја е кандидат за членство во ЕУ веќе многу години – време е да се направи чекор напред
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја „заведува“ Бугарија со уставни измени, СДСМ донесе штетни договори во земјата
- Колку зема државата од платата? Разликите во Европа се огромни
- Протеkoa документи од Кремљ; Ова е сценариото на Путин за Украина
Марковски очекува поддршка и од политички партии. На новинарско прашање дали разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу независната кандидатура, тој соопшти дека не разговарал. Информира и дека понатаму е член на најголемата опозициска партија.
-Се случуваше во овие 30 години, ВМРО-ДПМНЕ да поддржува независни кандидати, интелектуалци или други функционери од други партии на многу клучни места, како градоначалник на Скопје, на Центар, министри, претседател на држава. Сега очекувам мојата партија да ме поддржи, посочи Марковски на презентацијата.
Вели дека неговиот рејтинг е мерен во јавноста, но не може со сигурност да каже кој е нарачател на тие анкети.
За тоа каков е неговиот став за уставните измени, Марковски вели дека бара прекинување на преговори со Бугарија и дека Договорот за добрососедство и пријателство е непријателски и генерира непријателски однос кон бугарската држава.
-Не смееме да прифаќаме промени кои ќе навлезат во негирање на постоењето на македонскиот народ и јазик и современа нација, истакна тој.
За да влезе во трката за избор на претседател на државата, тој ќе треба да собере 10 000 потписи или да биде поддржан од најмалку 30 пратеници.
Пронајдете не на следниве мрежи:



