(Видео) адна бомба фрлена во Собранието во Заечар, настанал хаос, дошла и полицијата

Во салата на Собранието во Заечар била фрлена црвена чадна бомба во големата сала во моментот кога претседавачот ја започнал седницата. Наскоро потоа бил употребен и бибер-спреј, објави „Нова“.

Во зградата имало обезбедувачи и членови на партијата на претседателот Александар Вучиќ, СНС, но во друг дел. Големата сала била заклучена, сета во чад, а се вклучил и противпожарниот аларм.

За денеска беше закажана седница на Собранието на Заечар која требаше да биде продолжение на конститутивната седница на која требаше да бидат потврдени мандатите. Меѓутоа, по конститутивната седница веќе била одржана и втора седница, за која опозицијата исто така тврдела дека е нелегална.

Опозицијата не дозволувала да се одржи седницата бидејќи Собранието не било конституирано во согласност со законот. Законските рокови за негово конституирање биле пробиени, а тоа го потврдил и Вишиот суд во Заечар.

Сепак, министерката за државна управа и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, изјавила дека не гледа никакви пречки ова Собрание да продолжи со работа.

Опозицијата побарала да се почитува Законот, да се воведе привремена управа и потоа да се распишат локални избори.

Пред салата и пред зградата биле распоредени кордони полиција и обезбедување.

Пронајдете не на следниве мрежи: