Крис Банкеро, американскиот кошаркар го постигна првиот кош од четири поени во историјата на кошарката.
Се најавуваше кошаркарска револуција, а сега и официјално се случи.
На натпреварот помеѓу Миракл Болтс и Магнолија Хохсок на Филипините, Крис Банкеро погоди шут за четири поени.
Професионалната кошаркарска лига на Филипините неодамна усвои правило според кое удар изведен надвор од линијата од 8,22 метри се брои како четири поени.