Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред медиумите откри дека имал средба со градоначалникот на Тетово и коалиционен партнер од Вреди, Биљал Касами, заради разговор по неговите изјави за етничко гласање во вториот круг од локалните избори во Кичево.
– Да, јас се сретнав со Билал Касами,разговаравме, и мислам дека он веќе почна да ги испраќа оние вистински изјави кои треба да му прилегаат на еден градоначалник на мултиетничко Тетово, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
На Мицкоски не му пречеше доволно ниту знамето со Голема Албанија, ниту изјавите на Касами дека во Кичево ќе го поддржи ДУИ и Фатмир Дехари.



