Виенски гулаш – вистински зимски деликатес

Специјалитет полн со месо, толку меко што се распаѓа. За овој виенски гулаш важно е да одберете добро парче месо и правилно да го подготвите.

Виенскиот гулаш содржи само јунешко месо и кромид, кои се клучни за подготовката на густ и миризлив сос без додавање на брашно или кисела павлака. Традиционално се послужува со кнедли или шпецли, но слободно одберете прилог во кој најмногу уживате, како ориз, пире, шпагети…
За гулашот да биде неодоливо вкусен потребно е прво да го испржите месото за течностите да се зачуваат внатре. Месото е најдобро да го пржите во неколку тури, бидејќи ако ставите премногу месо во тавчето нема убаво да се испржи и нема да биде карамелизирано, а со тоа ќе има и полош вкус. Изборот на месо е важен, па одберете квалитетно парче. Исто така, гулашот не може да се превари, а за да биде месото доволно омекнато му требаат најмалку 2-3 часа крчкање на фина температура.

Потребни состојки:
1 кг јунешко
4 кромиди
2 лажички мелен ким
3 лажички блага пипер
1 лажичка толчена пипер
½ лажица оцет
1 лажица доматен сос
450 мл вода
масло
сол

Подготовка:
Месото исечкајте го на коцки, па испржете го во тава. Извадете го и турете масло, па испржете го ситно сечканиот кромид. Кога кромидот ќе омекне додадете доматно пире, мелен ким и измешајте, па додадете блага пипер и повторно промешајте. Потоа сипајте оцет и вода (250 мл) и оставете да се готви некои 15-ина минути, или додека течноста не се намали. Додадете уште вода (200 мл), па состојките добро изблендирајте ги или иситнете ги со рачен блендер. Вратете го месото во тавата и поклопете. Посолете и гответе на тивок оган уште некои 2-3 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.