Сезоната на јагоди сигурно ќе ја искористите за разни десерти и колачи, но зошто да не пробате и џин – тоник со јагоди? Љубителите на џин – тоник сигурно ќе уживаат во оваа освежителна летна верзија на нивниот омилен пијалок.
Состојки:
– 60 мл ладен сируп од јагоди
– 60 мл џин
– 100 мл тоник
– 1 лажичка сок од лимета
– листови нане или гранчиња мајчина душица за украсување
– мраз
Состојки за сирупот од јагоди:
– 1 кг зрели јагоди
– 500 мл вода
– 0.2 кг шеќер
– 2 лажици сок од лимон
Подготовка на сирупот:
1. Извадете ги стебленцата од јагодите, измијте ги, исечете ги на половина и ставете ги во сад за готвење. Додадете вода и шеќер и варете на средна топлина. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата малку и оставете ја да врие 20 минути, а потоа тргнете ја од шпоретот и оставете ја целосно да се излади.
2. Земете цедалка, покријте ја со слој тенка газа и ставете ја на поширок сад. Исцедете ги јагодите и сирупот низ неа, а потоа земете ја газата, соберете ги јагодите и нежно извртувајте ја газата за да исцедите уште малку сируп од јагоди. Промешајте го сокот од лимон и потоа истурете го сирупот во тегла. Чувајте го во фрижидер најмногу 2 недели.
Подготовка на џин – тоникот:
Наполнете ја чашата до половина пат со мраз. Потоа прво истурете го со сирупот од јагоди, потоа џинот и на крај ставете го тоникот. Додадете малку сок од лимета и украсете со нане или мајчина душица по желба.
На здравје!