Вистинско освежување за топлите денови: Кремаста овошна торта со јагоди

Loading...

Летно освежување кое може да се направи во вид на форма, но може да се послужи и како колач.
Потребни состојки:
За жолт пандишпан
– 4-5 жолчки
– 100мг. путер
– 100гр. шеќер
– 130гр. брашно
– 5 лажички вода
– 100мл. млеко
– 1/2 прашак за пециво
За светол пандишпан
– 4 белки
– 100гр. шеќер
– 1 полна лажица густин или брашно
За овошен дел
– 600гр. јагоди
– 500мл. вода
– 3 лажици шеќер
– 2 пудинга по ваш избор
Шлаг
– 200мл. слатка павлака или шлаг крем

Подготовка:
Изматете го путерот со малку шеќер, додадете ги жолчките, брашното со прашак за пециво, водата и млекото. Сето тоа изедначете го и истурете го во подмачкан плех или на хартија за печење.
Тавата треба да биде во големина 30х25. Печете на 180 степени околу 25 минути. Изматете ги белките со шеќерот, додадете го густинот, изедначете и печете на 170 степени околу 90 минути.
Кората мора добро да се исуши. Во 500мл. вода додадете шеќер, па кога ќе проврие ставете ги исечените јагоди да зовријат, па ставете го пудингот. Изладете малку.
Жолтиот пандишпан премачкајте го со овошниот дел од јагодата, па преку него ставете го изматениот шлаг. Преку шлагот ставете го светлиот пандишпан, а одозгора може да ставите шеќер во прав.

loading...