И замрзнатите вишни се здрави бидејќи не ги губат хранливите состојки, но не можат да се споредат со свежите – сега треба да уживате во нивниот слатко-киселкаст вкус.
Една порција вишни содржи 3 грама влакна, што може да ви помогне во создавање на добри бактерии во цревата.
Вишните се добри за вашето здравје од повеќе причини. Го регулираат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Доколку јадете вишни пред спиење, ќе заборавите и на несоницата.
Помагаат и во одржување на pH рамнотежата во телото. Вишните ја неутрализираат киселината во телото и помагаат да ги ублажите дигестивните проблеми.
Се верува дека вишните го зголемуваат нивото на енергија во организмот – ги активираат крвните станици и автоматски ја подобруваат циркулацијата при што добивате енергија.