Стручњаците предупредуваат дека оваа пролет нѐ очекува една од најлошите сезони на алергии во последните десет години, па затоа најдобро е оние кои го имаат овој проблем да се припремат на време. И мали промени како што се редовно земање на лекови, носење на очила за сонце или затворање на прозорците, можат да ги намалат симптомите.
Алергиите на полен убедливо се најчест вид алергии. Во Европа од овој вид алергии страдаат речиси 25 отсто од луѓето, а во Јапонија и на Нов Зеланд дури 40 отсто од популацијата. Зачестеноста особено се зголемува во последните децении.
Во последните години се нагласува и поврзаноста на климатските промени со респираторните алергии. Тоа е затоа што билките почнуваат да цветаат порано и се подолго, односно сезоната на цветење завршува се подоцна.
Важно е да умеете да ги разликувате настинките и гриповите од алергиите. Доколку вашата кивавица трае подолго од 1 недела, најверојатно имате алергија. Од друга страна, настинките и гриповите се проследени со високи температури и болки во мускулите, додека тие симтоми не се карактеристични кај алергиите.
Еве некои корисни совети кои ќе ви помогнат да се справите со пролетните алергии:
Носете очила за сонце за поленот да не ви влезе во очите
Затворајте ги прозорците пред излегување, да не навлегува во домот
Туширајте се секоја вечер
Редовно менувајте ја облеката
Редовно земајте ја препишаната терапија и слушајте ги советите на докторот.
Избегнувајте брза храна богата со заситени масни киселини, редовно земајте препарати со цинк, пробиотици и омега-3 масни киселини.
Долната облеката не ја сушете надвор, секоја вечер плакнете ја косата.Стручњаците предупредуваат дека оваа пролет нѐ очекува една од најлошите сезони на алергии во последните десет години,