Возела брзо и не застанала на пешачки премин: Вештачењето покажа детали за несреќата во која загина Слободан Ангеловски

Возела брзо и не застанала на пешачки премин. Така го прегазила Слободан Ангеловски, пешакот кој загина во сообраќајна несреќа кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје.

Денес во судот беше истакнат заклучокот од вештачењето кој посочува дека обвинетата Гордана Филиповиќ возилото го управувала со брзина над дозволената, а иако две возила застанале пред пешачкиот премин за пешакот да помине, таа продолжила да вози и така дојде до трагедијата.

Денешното рочиште беше второ по ред на кое сведоците не се појавија. Како што дознаваме, еден од сведоците следниот пат ќе биде спроведен во судот од страна на полицијата.
Скопјанецот беше прегазен на пешачки премин во јануари минатата година. Обвинетата Филиповиќ, која е мајка на младата Јелена која почина во сообраќајна несреќа, истакна дека не чувствува вина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.