Во Британија уапсен маж кој се заканувал да убие 200 американски деца

Loading...

Британската полиција уапсила жител на градот Саут Шилдс, кој објавил на социјалната мрежа Facebook порака со закана дека ќе застрела 200 ученици во училиштата во САД, објави во саботата телевизијата Sky News.

 
Приведениот 24-годишен Рис Елиот во средата на страницата на социјалната мрежа посветена во спомен на убиеното дете во едно од училиштата на американската сојузна држава Тенеси ја оставил пораката „Се надевам дека ќе убијам најмалку 200 лица, пред да се застрелам”. Елиот додал дека ќе го убие својот татко и ќе му ги земе трите пиштола, но не напишал на кој начин мислел да допатува во САД.
Поради појавувањето на заканата, во училиштата во округот Ворен во државата Тенеси се преземени зголемени безбедносни мерки, а околу три илјади ученици во четвртокот не дошле на наставата. Британската полиција во меѓувреме го пронашла и уапсила испраќачот на пораката, по што против него е подигнато обвинение за упатување смртни закани.
Претставник на обвинителството за телевизијата изјавил дека „не е убеден оти обвинетиот е свесен за тоа колку е сериозна ситуацијата”. По неговото апсење, Елиот понудил да се јавува во полициската станица секој ден, а не да остане во притвор. Кога бил одбиен, „младиот човек ги наду образите и само одмавна со главата”, рекол соговорникот на телевизијата. Засега не се знае дали овој случај ќе биде разгледуван и во САД.
По неодамнешната трагедија што се случи во основното училиште во гратчето Њутаун во државата Конектикат, каде што 20-годишниот Адам Ланза уби 20 деца на шест и седумгодишна возраст и шест возрасни, откако претходно ја застрела мајка си со чие оружје потоа го изврши масакрот, во САД се разви жестока дебата по прашањето за контрола на оружјето. Американскиот претседател Барак Обама потпиша декрет за 23 мерки за спроведување на законот, со кои се воведуваат построги прописи за продажба на оружје.
Макфакс
Британската полиција уапсила жител на градот Саут Шилдс, кој објавил на социјалната мрежа Facebook порака со закана дека ќе

loading...
Loading...