Вработените ќе мора на шефот да му ја дадат лозинката за Facebook

При донесувањето на CISPA законот отфрлен е амандман според кој на шефовите им се забранува од вработениот да ја побара лозинката за пристап на друштвени мрежи.

Со овој проблем наскоро можат да се соочат Американците по донесувањето на Cyber Intelligence Sharing and Protection Act предлог законот или CISPA.
 Претставничкиот дом на Конгресот минатата недела го изгласа овој закон, кој го критикуваа многу организации за заштита на приватноста затоа што ќе овозможи размена на приватни податоци на интернет корисниците меѓу американската влада и приватните компании без налог или санкции.
 „Huffington Post” предупредува на еден огромен потенцијален проблем со кој би се соочиле Американците по донесувањето на овој закон кој треба да го одобрат уште Сенатот и претседателот Барак Обама.
 Со него ќе им се овозможи на шефовите од своите вработени да ги побараат сите лозинки за пристап кон нивните профили на Facebook, Twitter и други затоа што, пратеникот Ед Перлмутер бараше амандман со кој тоа се забранува, но другите го одбија.
 „Ова е прилично едноставен амандман кој ќе им помогне на корисниците во остварување на нивните права на заштита на приватноста”, рече Перлмутер, и додаде дека со него ќе се исклучи можноста шефот на социјалните мрежи да комуницира преправајќи се дека е еден од вработените.
 Пратеникот Мајк Роџерс го обвини Перлмутер дека со ова само сака да го саботира законот и го отфрли амандманот, а пратениците се обидуваат што поскоро да го донесат CISPA законот, со цел да се спречат терористички напади `со дигитални бомби` како неодамнешниот во Бостон.
Инаку, во борбата против CISPA се вклучија и групата Anonymous кои повикаа на помрачување на интернетот, но овојпат не им се придружија големи фирми, како што беше случај со оспорувањето на SOPA законот кога им се приклучија страници како Wikipedia, Reddit и други, што предизвика големо внимание во јавноста.
Makфакс
При донесувањето на CISPA законот отфрлен е амандман според кој на шефовите им се забранува од вработениот да ја побар

Пронајдете не на следниве мрежи: