Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе им се обрати на граѓаните во 11 часот во Палатата Србија, соопштија од Службата за соработка со медиумите на претседателот.
Вучиќ синоќа по 23 часот пристигна во зградата на Претседателството по повод протестот против ископот на литиум и блокадата на железничките станици.