Кога Украина ќе добие западни борбени авиони Ф-16, ќе има право да напаѓа легитимни руски воени цели надвор од границите на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Гласот на Америка.
„Кај различни сојузници, има малку различни политики за ова. Но, генерално… ова е вооружена агресија на Русија против Украина со очигледно кршење на меѓународното право. И според меѓународното право, Украина има право на самоодбрана. Ова исто така вклучува и удирање легитимни воени цели – руски воени цели надвор од Украина. Ова е меѓународно право“, рече Столтенберг.
- Колку зема државата од платата? Разликите во Европа се огромниДанокот на доход во Европа значително варира од земја до земја,… Read more: Колку зема државата од платата? Разликите во Европа се огромни
- Протеkoa документи од Кремљ; Ова е сценариото на Путин за УкраинаВнатрешните документи на руската претседателска администрација укажуваат дека Русија сè уште… Read more: Протеkoa документи од Кремљ; Ова е сценариото на Путин за Украина
- СВР Тетово оддаде почит на загинатите во „Диво насеље“СВР Тетово сподели фотографии од одбележување на 9 Мај – Денот… Read more: СВР Тетово оддаде почит на загинатите во „Диво насеље“
- СЕМЕЕН АЛБУМ НА НИКОЛИЈА И ВЕСНА ЗМИЈАНАЦ: Погледнете ги емотивните спомени од детството на пејачката, а мама изгледа како АВИОННиколија Јовановиќ објави фотографии од своето детство на Инстаграм, а се… Read more: СЕМЕЕН АЛБУМ НА НИКОЛИЈА И ВЕСНА ЗМИЈАНАЦ: Погледнете ги емотивните спомени од детството на пејачката, а мама изгледа како АВИОН
- Млад човек (21) изрешетан со шест куршуми: Убиецот е таткото на неговиот пријател, еве што покажа обдукцијатаНовите податоци од обдукцијата на 21-годишниот Никита Гемистос, кој беше убиен… Read more: Млад човек (21) изрешетан со шест куршуми: Убиецот е таткото на неговиот пријател, еве што покажа обдукцијата
Во моментов не е познато кога точно Киев ќе може да гi прими авионите, повтори Столтенберг, бидејќи тоа зависи од сојузниците и одлуките во земјите. Партнерите на Украина се желни да ја пружат оваа помош што е можно поскоро, нагласи генералниот секретар на НАТО.
„Значи, мислам дека треба да ги слушаме воените експерти точно кога ќе бидеме подготвени или кога сојузниците ќе бидат подготвени да започнат со испраќање и испорака на Ф-16. Што порано тоа подобро. Во исто време, тоа треба да биде ефективно оружје со добро обучени пилоти, со добри системи за поддршка на располагање кога ќе го обезбедиме овој механизам на Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Пронајдете не на следниве мрежи:



