Германија од април ќе дозволи двојно државјанство, како и побрзо добивање пасоши за странците кои живеат таму.
Овој петок германскиот Бундестаг треба да гласа за законот за полесно стекнување германско државјанство, чии правила ќе стапат на сила во април.
- Како кафето може да му помогне на вашето тело да се бори против ефектите од стареењетоНаучниците идентификуваа механизам преку кој соединенијата во кафето можат да му помогнат на… Read more: Како кафето може да му помогне на вашето тело да се бори против ефектите од стареењето
- Месечен хороскоп за Девица: Ве очекуваат одлуки што ќе ги променат вашите плановиЗа Девиците, мај 2026 година носи период во кој нивната вродена прецизност ќе… Read more: Месечен хороскоп за Девица: Ве очекуваат одлуки што ќе ги променат вашите планови
- Канадскиот премиер: Ова е пресвртница, Европа ќе изгради нов светски поредокЕвропа нема да се покори на побрутална иднина, но може да стане основа… Read more: Канадскиот премиер: Ова е пресвртница, Европа ќе изгради нов светски поредок
- Три години тага и молк: На овој ден, Урош Блажиќ ги обои селата Младеновиќ засекогаш во црно – Србија денес молчи за убиените млади луѓе, раните од Дубона и Мали Орашје не заздравуваатТри години од злосторствата во Дубона и Мали Орашје. Во селата Дубона и… Read more: Три години тага и молк: На овој ден, Урош Блажиќ ги обои селата Младеновиќ засекогаш во црно – Србија денес молчи за убиените млади луѓе, раните од Дубона и Мали Орашје не заздравуваат
- Се зголемуваат цените на горивата од полноќ!Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад… Read more: Се зголемуваат цените на горивата од полноќ!
Не само што странците побрзо ќе добијат германски пасош, туку ќе се овозможи и двојно државјанство, што начелно беше забрането до сега.
Вака Владата на Олаф Шолц, во која освен неговите социјалдемократи, се и Зелените и либералите, ќе стави крај на децениската тешка демохристијанска логика, според која лојалноста кон Германија требаше да се докаже со откажување од претходното државјанство.
Опозицијата и натаму бесна вели дека властите сакаат да го дадат германскиот пасош за „безвреден“.
Актуелната влада се води од објаснувањето дека Германија итно треба да привлече способни работници од целиот свет, ако не сака да го прокоцка просперитетот.
– Двојното државјанство не е само економски значаен инструмент за привлекување на квалификувана работна сила, туку и задоцнето признавање на големите заслуги на луѓето со имиграциска историја во Германија – нагласува пратеникот на социјалдемократите Адис Ахметовиќ, чии родители побегнале во Германија од Босна во 1990-тите . .
Се проценува дека околу 12 милиони странци кои живеат во Германија, што е приближно половина, веќе ги исполнуваат новите поедноставени услови за државјанство.
Што се менува во правилата?
Досега, само државјаните на земјите-членки на ЕУ или на Швајцарија можеа да добијат двојно државјанство . Исклучок беа граѓаните на земјите кои не ги ослободуваат граѓаните од државјанство, како што е Мароко.
За неколку месеци и граѓаните на Македонија ќе можат да аплицираат за германско државјанство, без да мора да се откажат од македонското државјанство, што беше услов до сега.
Исто така, од април барањето за германско државјанство ќе може да се поднесува по пет години престој во земјата, наместо досегашните осум.
Во посебни случаи, барањето може да се поднесе веќе по три години. На пример, ако некој покаже исклучителен напредок во јазикот, на работа или на училиште, или се вклучи во волонтирање во некои организации.
Децата на имигрантите родени во Германија автоматски ќе добијат државјанство доколку нивните родители живеат во земјата најмалку пет години. Ова важи и за децата бегалци.
Генерацијата на стари гастарбајтери, кои во педесеттите и шеесетите заминаа во Западна Германија, нема да мора ни да полагаат јазичен тест, доволно е да се комуницира на германски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



