Голем пожар ја зафати Анталија, евакуирани гости од неколку хотели

Шумскиот пожар во округот Аксу во Анталија (Турција) е ставен под контрола, а поради претпазливост синоќа биле евакуирани гости од неколку хотели.

Пожарот избувнал околу 21 часот синоќа. Засега не е утврден причинителот, јавува TRT Haberler.

Поради силен ветер, пожарот брзо се проширил и зафатил голема територија. Противпожарни екипи веднаш биле испратени на терен.

Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, рече дека веројатно пожарот избувнал кога земјоделци изгореле отпад близу шумата. Напомена дека пожарот се случил на атрактивна туристичка локација — на границата помеѓу Аксу и Серик, спроти хотели и голф терени. Тој апелираше до граѓаните да бидат особено внимателни во периодот на силни ветрови.

Пронајдете не на следниве мрежи: