Готвачка на TikTok рекреира јадења од филмовите на Disney

Вилијамс се стекна со онлајн слава објавувајќи видеа од своите кулинарски вештини и презентирајќи јадења од филмови, најчесто оние од Disney, кои ги инспирираат нејзините креации.
Собирајќи милион следбеници на видео платформата, таа направи јадења како шпагети од култната сцена од „Lady and the Tramp“, шербет од „The Princess Diaries“ и зашеќерени отровни јаболка од „Enchanted“.

@gabby.jayeI want it, I made it: Coraline edition! 🥰 #coraline #fyp #foryoupage #coralinefood #iwantitimadeit #viral #laika @laikastudios♬ original sound – #nottychef


Таа дури најде начин да ја претстави невозможната текстура на одредени јадења, како течната пица од „A Goofy Movie“.
А, надвор од дизниевото семејство, таа рекреираше примамлив појадок од другата страна на ѕидот од филмот „Coraline“ и „случајна“ роденденска торта од „Harry Potter“.

@gabby.jayeWhich Disney movie food has been your FAVORITE so far?! New video coming out tomorrow! 💖 #fyp #disney #disneyfood #foryoupage #viral @disney

♬ so this is love – soft girl aesthetic


За оние кои сметаат дека е невозможно да ги следат упатствата за брзо готвење на TikTok, Вилијамс вели дека работи на потрајна верзија на нејзините рецепти и дека дигиталната книга излегува наскоро.
„Многу се трудам да ја составам оваа книга. Работам на создавање рецепти кои на крајот ќе бидат поврзани во една целина”, напиша таа во коментар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.