Градоначалникот на средба со Бизнис заедницата

Loading...

Градоначалникот Борис Георгиевски присуствуваше на состанокот со бизнис клубот на општина Гази Баба, каде ги презентираше предлозите од бизнис секторот кои се вградени во буџетот на општината за 2018 година.
Со претставниците од Министерството за образование и наука, кои денеска присуствуваа на состанокот на бизнис клубот, се разговараше за можностите што ги нуди дуелното образование во техничките средни училишта во општина Гази Баба.
Заклучок од дискусијата беше дека овој процес треба заедно со бизнис секторот, Министертвото за образование и наука и општина Гази Баба да биде приоритет, како во 2018 година со нови програмски содржини во техничките училишта, средношколците да се мотивираат, да се овозможи пракса директно во компаниите, со крајна цел нивно вработување потоа.
23.12.2017

 

loading...