Грешка која сите ја прават кога додаваат лук во јадењето

Лукот е една од најздравите и омилените намирници на луѓето, поради што многумина го додаваат во различни јадења. Но, главното правило кое треба секогаш да го имате на ум е дека лукот треба да го ставате при крај на самата подготовка на јадењето.

Пржењето на лукот на самиот почеток од подготовката е пожелно во случај само кога ќе додадете спанаќ. Но, и тогаш не смеете да го ставате лукот во врело масло бидејќи ќе изгори со голема брзина. Така станува горчлив и тежок за варење.
Кај тавите со подебело дно температурата долго се одржува на високо ниво, па кога ќе додадете лук во јадењето, поместете ја тавата од рерната штом лукот добие жолта боја.

Лукот е моќна намирница која може да помогне во слабеењето, а поседува и лековити состојки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.