ГРУПАЦИЈАТА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА И АПЕКС МАКЕДОНИЈА ДОНИРАА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 200.000 ЕВРА!

Loading...

ГОЛЕМАТА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА – АПИС ЗАВРШИ.

ГРУПАЦИЈАТА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА (АДМИРАЛ, АСТРА И КАЗИНО ФЛАМИНГО ХОТЕЛ ГЕВГЕЛИЈА) И АПЕКС МАКЕДОНИЈА ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ДОНИРАА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 200.000 ЕВРА!

Во овој исклучително тежок период за граѓаните на нашата држава, како и за институциите кои се соочуваат со ефектите од пандемијата од КОВИД-19, групацијата Новоматик во Македонија (Адмирал, Астра и казино Фламинго хотел Гевгелија) и Апекс Македонија реализираа хуманитарна акција преку која донираа медицински кревети и дезинфекциони средства во износ од 200.000,00 евра.

„Решивме дека е наша должност да помогнеме онаму каде што е најпотребно. Здравствените институции како и здраствените работници во Северна Македонија се во првите редови, во оваа борба за зачувување на општественото здравје. Токму поради тоа нашата хуманитарна акција беше насочена кон 5 медицински центри, ЈЗУ Универзитетскаклиника за инфективни болести и фебрилни состојби, ЈЗУ ГОБ 8ми Септември

Скопје, ЈЗУ Клиничка болница Охрид, ЈЗУ Општа болница Гостивари ЈЗУ Клиничка болница Гевгелија.

Оваа акција е реализирана со поддршка од страна на Министерството за здравство, менаџментот на здравствените институции, градоначалниците и општините што само ја докажува силната потреба од заедничко дејствување во овој период на непредвидливост.

Се надеваме дека донираните средства ќе придонесат кон јакнење на капацитетите на македонското здравство, и барем малку ќе ја олеснат работата на здравствените работници.“

Општествената одговорност на овие компании се демонстрираше уште на самиот почеток на пандемијата преку зачувување на работните места на вработените како и преку отстапувањето на Казино Фламинго ХотелГевгелија на Владата кој беше користен како државен карантин со сите највисоки светски епидемиолошки стандарди.

Сакаме да веруваме дека овој исклучително тежок периодќе не научи дека взаемната почит и поддршка можат да ни помогнат да се извлечеме од секоја ситуација. Хуманоста и грижата за другиот се постапки кои ќе започнат верига на позитивни настани кои ќе резултираат со надминување на сите ризици и препреки со кои ќе се соочиме.

Со почит,

АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА – АПИС

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...