Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска предупреди дека светот влегува во „ера на хаос“ и оти се потребни важни реформи, изразувајќи жалење за поделбите што го парализираат Советот за безбедност на ОН.
Презентирајќи ги приоритетите за 2024 година пред Генералното собрание на ОН, Гутереш рече дека владите „ги игнорираат и ги поткопуваат самите принципи на мултилатерализмот, без одговорност“.
- Од расправија на социјални мрежи до пукање во двор! – МВР со деталиНа 5 мај 2026 година, во 18:45 часот, В.С. (31) од село Стримница… Read more: Од расправија на социјални мрежи до пукање во двор! – МВР со детали
- Израелците купуваат 10.000 ракети од Американците за една милијарда долари, тврдат дека се „лек“ за иранските беспилотни леталаСоединетите Американски Држави одобрија итна воена продажба на 10.000 ракети APKWS на Израел… Read more: Израелците купуваат 10.000 ракети од Американците за една милијарда долари, тврдат дека се „лек“ за иранските беспилотни летала
- Дали Ким Кардашијан прави пауза од полагањето на правосудниот испит? Изворот тврди дека таа нема повторно да го полага испитотРиалити ѕвездата Ким Кардашијан прави пауза од полагањето на правосудниот испит во Калифорнија… Read more: Дали Ким Кардашијан прави пауза од полагањето на правосудниот испит? Изворот тврди дека таа нема повторно да го полага испитот
- Еве ги начините на кои можете да ја одржите врската со вашиот партнер по раѓањето на вашето детеДоаѓањето на дете се смета за еден од најубавите, но и најпредизвикувачките моменти… Read more: Еве ги начините на кои можете да ја одржите врската со вашиот партнер по раѓањето на вашето дете
- Германија бара нови правила за проширување на Европската УнијаГерманскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска се заложи за темелни реформи… Read more: Германија бара нови правила за проширување на Европската Унија
– Советот за безбедност, главниот инструмент на светскиот мир, е блокиран поради геополитички пукнатини. Ова не е првпат Советот за безбедност на ОН да биде поделен. Но овој пат е најтешко. Сегашната нефункционалност е подлабока и поопасна, рече Гутереш.
Тој изјави дека механизмите воспоставени за време на Студената војна придонеле за управување со односите на суперсилите, но дека тие не постојат во денешниот мултиполарен свет „кој влегува во ера на хаос“.
Советот за безбедност не можеше да реагира на рускиот напад врз Украина поради руското вето, а сега не може да заземе единствен став за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, бидејќи САД го блокираат секој повик за прекин на огнот.
Гутереш предупреди на можен израелски копнен напад врз Рафа, на границата на Појасот Газа и Египет, каде што се наоѓаат стотици илјади раселени Палестинци.
– Таквата акција значително би ја влошила ситуацијата, која веќе е хуманитарен кошмар, со непроценливи регионални последици, рече Гутереш, уште еднаш повикувајќи на „итен хуманитарен прекин на огнот“ и ослободување на заложниците.
Пронајдете не на следниве мрежи:



