Дали започнува голема војна на Блискиот Исток?!

Илјадници ракети утрово се истрелани од Појасот Газа кон Израел, при што загина една жена. Во нападот повредени се две лица.

Сирените за воздужен напад се огласија во јужниот дел на земјата, а експлозии имаше и околу Тел Авив и Ерусалим.

Одговорноста за нападот ја презеде палестинската милитантна исламистичка група Хамас.

Дали започнува голема војна на Блискиот Исток?!

Воениот командант на Хамас Мухамед Ал-Деиф изјави дека цел на нападот биле непријателски позиции, аеродроми и воени позиции, тој тврди дека се истрелани 5.000 ракети.

00:00
00:15

Во првичниот извештај на израелските одбранбени сили (ИДФ) се наведува дека голем број терористи се инфилтрирале на израелска територија во Појасот Газа.

Израел прогласи воена состојба.

Инаку палестинците ги имаат пробиено израелските одбранбени линиии користејќи падобрани, погледнете:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.