Дали и Франција оди во војна против TikTok?

Loading...

Францускиот регулатор за приватност на податоците CNIL соопшти дека започнал прелиминарна истрага за апликацијата за видео споделување на TikTok затоа што добила поплака од еден корисник, пренесува Ројтерс. 

Апликацијата TikTok, во сопственост на кинеската компанија ByteDance, веќе е под истрага од страна на властите на американската, холандската и Европската унија во врска со прашањето за приватноста на податоците.

 – Во мај добивме една тужба против TikTok, која во моментов се истражува – рече портпаролот на CNIL, но тој одби да ја објасни природата на жалбата или идентитетот на тужителот.

Европскиот комитет за заштита на приватни податоци во јуни објави дека ќе формира работна група за проценка на активностите на TikTok, по барање на европратениците загрижени за прибирање на податоци и можни ризици за безбедност и приватност.
loading...