Новото правило стапи на сила: Кладилниците повеќе не се главни спонзори на дресови во англиската Премиер лига

Од сезоната 2026/27 официјално стапи на сила забраната за прикажување на логото на обложувалниците на предната страна од дресовите на клубовите од англиската Премиер лига.

За првпат по долга низа години, ниту еден од 20-те клубови од Премиер лигата нема да го носи логото на главниот спонзор на компанија од индустријата за спортско обложување на своите натпревари.

Оваа одлука претставува една од најголемите промени во комерцијалните операции на англискиот фудбал во последните години.

𝑩𝒆𝒕𝒕𝒊𝒏𝒈 𝑩𝒂𝒏 𝑻𝒂𝒌𝒆𝒔 𝑬𝒇𝒇𝒆𝒄𝒕: 𝑵𝒐 𝑴𝒐𝒓𝒆 𝑮𝒂𝒎𝒃𝒍𝒊𝒏𝒈 𝑺𝒑𝒐𝒏𝒔𝒐𝒓𝒔 𝒊𝒏 𝒕𝒉𝒆 𝑷𝒓𝒆𝒎𝒊𝒆𝒓 𝑳𝒆𝒂𝒈𝒖𝒆The long-anticipated front-of-shirt gambling sponsorship ban has officially taken effect for the 2026-27 season. For the first time in many… pic.twitter.com/9RrCEF6Zac— Footy Headlines (@Footy_Headlines) July 25, 2026

Фактот дека во сезоната 2025/26, дури 11 од 20 клубови од Премиер лигата имаа компанија за спортско обложување како главен спонзор на предната страна од дресот, покажува колку големо било влијанието на обложувалниците.

Со новото правило, тој модел на соработка беше целосно укинат, со што заврши ерата на доминација на обложувалниците врз дресовите на клубовите од најсилната англиска лига.
The post Новото правило стапи на сила: Кладилниците повеќе не се главни спонзори на дресови во англиската Премиер лига appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: