Дваесет и седумгодишна жена потврди дека и нема крај на имагинацијата на дилерите, кои, како што информираат од загрепската полиција, дрогата за која се сомневале дека се препродава, ја криела во – банкарски сеф!?
Загрепската полиција ја сомничи девојката дека подолго време набавувала големи количества кокаин, амфетамини и марихуана, кои потоа ги сокрила и ги препакувала во стан во Нови Загреб. Пред да ја препродаде дрогата ја превезувала со Форд Фиеста. Уапсена е на 16 ноември, кога полицијата ја забележала во 11 часот и 55 минути во Улица свет Матеја во Загреб, пренесува Вечерњи лист.
Нејзиното однесување им било сомнително, а кога и пришле им врачила 0,55 грама марихуана спакувана во најлонска кеса. Откако била приведена, извршен е претрес на нејзиното возило при што биле пронајдени 5,2 грама кокаин спакуван во девет пластични пакувања и 5,8 грама амфетамин спакуван во едно пластично пакување.
Но, полицијата сепак најголемиот улов го пронашла во банкарскиот сеф, каде што пронашла 58 грама кокаин спакуван во четири пакувања. Пронајдени се и 87.400 евра за кои постои сомневање дека се добиени од препродажба на дрога. Сефот бил претресен бидејќи полицијата се посомневала дека станот и автомобилот не се единствените места каде 27-годишната жена криела дрога.
Таа е кривично пријавена за злоупотреба на дрога, а изведена е и пред истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.