Денес Заев и Ахмети ќе разговараат за можен консензуален претседателски кандидат

Loading...

Во Клубот на пратениците денес лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети треба да одржат средба во врска со претстојните претседателски избори и можноста за настап со заеднички консензуален кандидат.
– Ако постигнеме договор, се разбира, ќе бараме да ја прошириме поддршката, прво со партиите од коалицијата, а потоа со други интересни групи, со цел да направиме што поголемо мнозинство, бидејќи тоа го бара консезуалноста. Овој концепт сме го дефинирале како надетнички и надпартиски, не е важно да се прогнозира епилогот од кандидатот, односно етничката или партиската определба на кандидатот, вели вицепремиерот Бујар Османи.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТК вели дека тој ја испружил раката за соработка со албанската опозиција за заеднички кандидат Албанец, но за жал, двете опозициски партии го одбиле. Тој истакнува дека има волја да се постигне договор за консензуален кандидат за претседател на денешната средба со коалициските партнери, но дека тоа зависи од двете страни.

Против заеднички кандидат со ДУИ се Алијанса за Албанците и Беса на Билал Касами. Беса на Африм Гаши пак се уште нема став, а ДПА ќе го поддржи само заедничкиот кандидат на власта.

 

loading...