Ако сакате да го забрзате растот на косата, најдобро место за почеток е вашата исхрана.
Исхраната влијае на сите аспекти од нашиот живот, вклучувајќи го и растот на косата.
“Изреката дека сме тоа што јадеме не е шега. Урамнотежената, добро заокружена и хранлива исхрана е неопходна за здравјето и растот на косата”, велат фризерите.
- Мајкл Џ. Фокс за справувањето со Паркинсоновата болест: „Првиот симптом го протолкував како мамурлак“
- Загина работник во Ѓорче Петров
- Општински совет е надлежен за миграциска политика колку играорно друштво за тревата
- 5 НАМИРНИЦИ БОГАТИ СО ПРОБИОТИЦИ: Сите прво помислуваме на јогурт, но не е единствениот
- Косово започна разговори за набавка на хеликоптери „Блек Хок“ од САД
- Дали знаете што е „теорија на столчиња“? Ќе ви помогне да го најдете вистинскиот партнер
- Наташа Крстевска Цалева нова шефица на Вишото ЈО Скопје
- За прв пат по повеќе од 40 години Романија потврди два случаи на лепра
Ако сакате да го забрзате растот на косата, треба да ја збогатите вашата исхрана со протеини и аминокиселини како што се Л-цистеин и Л-лизин.
„Добро балансирана исхрана за здравјето на косата треба да вклучува витамин Д, витамин Ц, фолна киселина (витамин Б12), рибофлавин (витамин Б2), биотин, железо, цинк, селен, антиоксиданси и омега-3 и омега-6 масни киселини и доволно макронутриенти како протеини и здрави масти“, истакна таа.
Целта е да не се претерува. Иако витаминот А помага за здравјето на косата, премногу од него може да има спротивен ефект. Исто така, премногу различни витамини и минерали може да имаат негативни системски ефекти. Затоа, јадете ја храната наведена подолу умерено. Најдобра храна за раст на косата:
посно месо
грав
спанаќ
авокадо
јаткасти плодови и семиња
лосос
јајца
житарици
агруми
јагоди
пиперка
супа од коски



