Дефектот е саниран, цело Скопје до полноќ ќе има вода

Loading...

Дефектот на пукнатата цевка е саниран и веќе од 21 часот полека ќе почне да се пушта водата, велат од ЈП Водовод и канализација. Од таму објаснуваат дека станува збор за голема цевка под голем притисок и заради тоа мораат да бидат внимателни и пуштањето на водата ќе оди постепено.
„Откако ќе почнеме со пуштање на водата, за два-три часа ќе се стабилизира водоснабдувањето во цело Скопје“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.
Од попладневно поради дефект на цевка на булевар Кочо Рацин спроти Олимписки базен без вода се Центар, Кисела Вода, Аеродром, Лисиче, Ново Лисиче, Драчево и Сопиште.
Цистерни со техничка вода се поставени на пет локации и тоа во Кисела Вода кај „Шампионче“ и на булеварот Борис Трајковски кај маркетот „Тинекс“, потоа пред ТЦ „Три Бисери“ во Аеродром, кај паркот „Авионче“ во Ново Лисиче и кај поранешна Градска болница во Центар.

loading...