Дејан Ангов: Ја одбирам Македонија!

Loading...

Еден од најталтентираните Македонски фудбалери, Дејан Ангов, своите први почетоци во фудбалот ги бележи во Сушица.
Македонскиот суперталент што ги задоволи вкусовите на тренерите на Барселона во интервју за „Спорт365.мк“.Дејан Ангов: Моите први почетоци во фудбалот се во Сушица, Македонија. Со фудбалот се занимавам веќе 8-9 години. Љубовта кон фудбалот ја имам стекнато од мојот татко кој исто така играше фудбал.
Талентираниот Ангов се најде на еден од камповите на Барселона во Словенија.
16-годишниот Ангов бил на кампот на Барселона што се одржал во Копер, ги задоволил вкусовите на тамошните тренери кои упатиле големи пофалби на сметка на нашиот талентиран фудбалер.
Според информациите, нашиот суперталентиран фудбалер е избран од скаутите на Барселона како еден од најдобрите тројца од кампот на Барселона во Словенија (Копер), потоа бил повикан да биде дел од камповите во Љубљана па во Марибор. Откако се заврши успешно, сега е повикан за кампот на каталонскиот тим што ќе се одржи во февруари.
Дејан Ангов: До камповите ми помогна мојот тогашен тренер. Неговиот пријател беше организатор на тие кампови па преку него стигнав до таму. Бев на трите кампови во Словенија.
Македонија… или Словенија?
Дејан Ангов: Повеќе би сакал да настапувам за Македонија, секако.
Горан Попов, најдобриот интернационалец што излегол од Македонија – мислење на младиот фудбалер.
Дејан Ангов: Најомилен фудбалер искрено немам, но би рекол дека Попов ми е најдобар од оние што се излезени од Македонија.
Серхио Бускетс, фудбалерот на Барселона е миленикот на нашата голема фудбалска надеж.
Дејан Ангов: Би сакал да бидам како Бускетс, многу му се восхитувам и многу ми се допаѓа неговата игра.
Фудбалот го игра поради љубов и страст кон истиот, не од материјални причини.
Дејан Ангов: За во иднина се надевам дека ќе успеам до толку да ме памети народот. Моите амбиции се многу големи, но би рекол дека фудбалот го играм затоа што многу го сакам, не затоа да би имал корист од него, на пример поради парите“ заврши младиот Ангов во интервјуто за „Спорт365“.
Повеќе интересни содржини за спортот можете да пронајдете на 
https://sport365.mk/
 Дејан Ангов: Моите први почетоци во фудбалот се во Сушица, Македонија. Со фудбалот се

loading...
Loading...