ДИК го утврди изгледот на гласачките ливчиња за локалните избори

На денешната 139. седница, Државната изборна комисија (ДИК) го утврди изгледот и содржината на гласачките ливчиња за претстојните локални избори.

Како што изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко, гласачките ливчиња ќе содржат податоци за општината, гласачкото место, кандидатите и подносителите на листи. Серискиот број ќе се наоѓа само на кочанот, за да се обезбеди анонимноста на гласот.

Членовите на Комисијата го усвоија и прирачникот за пополнување на записниците од избирачките одбори, кој ќе им помогне во прецизно утврдување на резултатите.

ДИК одобри и неколку обрасци за спроведување на изборите, формира нови работни групи за проверка на Избирачкиот список и даде зелено светло за две нови акредитации за набљудување – од Здружение од Тетово и Француската амбасада.

Одлучено е и по седум барања за изземање членови од општинските изборни комисии, од кои шест беа прифатени.

Пронајдете не на следниве мрежи: