Потребни состојки:
400 мл јогурт
400 мл топла вода
100 мл масло
1 квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
Околу 1,5 кг брашно
Печурки, шунка, кашкавал
Начин на подготовка:
Измешајте ги течните состојки со квасецот, па додајте ги сувите. Постепено додавајте брашно, најпрвин мешајте со лажица, па замесете меко тесто. Оставете го тестото да се удвои на топло. Поделете го тестото на повеќе делови и од секој дел расукајте правоаголна или округла кора. Исечете на помали триаголни делови и на поширокиот дел ставајте фил по желба. Завиткајте ги кифличките(убаво притиснете ги краевите), премачкајте со јајце, наросете сусам и печете на 200-220 степени околу 15 минути. Топли премачкајте ги со путер, маргарин или масло.