ДРЖАВНИ ПРИВИЛЕГИИ: Во ресторанот во Владата, чорба за 60 денари, свинска вешалица за 130

На социјалните мрежи излезе менито со цените во ресторанот на Владата. Кога ќе се погледнат цените обичен човек ќе помисли дека се работи за народна кујна каде се остава кој колку може а не за министри и службеници кои примаат и по неколку илјади евра плата.

Наместо во маркетите каде пазари „рајата“ цените „смрзнаа“ во владниот ресторан.

Еве ги цените на најбараните прозводи на министрите.

ДРЖАВНИ ПРИВИЛЕГИИ: Во ресторанот во Владата, чорба за 60 денари, свинска вешалица за 130

Пилешка чорба за 60 денари, омлет со свинско за 65 денари. Сланина на скара за 110 или вешалица од свинско каре за 135 денари.Копан со ориз за 100 денари, грав со сланина за 150 денари, тост со свински врат 75 денари. Вработените во Владата се заблажуваат со тулумба или штрудла со тиква за по 30 денари.

Живо џабе, зарем не?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.