Египет денеска соопшти дека добил позитивни сигнали од сите страни за евентуално продолжување на прекинот на огнот во Газа за уште еден ден или два.
- Белата куќа испрати „приватно“ предупредување до Иран
- Кац: Судењето на Нетанјаху ја загрозува националната безбедност
- Условни казни затвор за тројца полицајци од Кочани: Судот пресече за случајот поврзан со дискотеката „Пулс
- Турската воена индустрија го шокираше светот: Претставија домашна интерконтинентална ракета, со дострел од 6.000 километри
- Иран воведува нов механизам за транзит низ Ормутска Теснина
Дија Рашван, шеф на египетската државна информативна служба, во соопштение рече дека земјата имала долги разговори со сите страни за продолжување на четиридневното примирје. Tоа според нив, „значи ослободување на повеќе заложници од Газа и палестински затвореници во Израел“.
Врз основа на договорот за прекин на огнот, околу 50 израелски заложници, деца, нивните мајки и други жени треба да бидат ослободени за четири дена во замена за ослободување на 150 палестински затвореници од затворите во Израел.
Примирјето стапи на сила вчераутро кога ИДФ (Израелските одбранбени сили) ги прекинаа воените операции насочени кон уништување на исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Газа. Палестинските екстремисти го запреа ракетниот напад врз Израел.
Пронајдете не на следниве мрежи:



