Актерката Софија Вергара привлече огромен интерес со нејзиниот нов актерски потфат во серијата „Гризелда“ во која ја доби насловната улога.
На прославената колумбиска актерка многумина и честитаат за улогата во оваа серија, која почна да се прикажува на Нетфликс на 25 јануари.
Приказната се состои од шест епизоди, таа е комбинација од драма, криминална и биографска серија.
- Обвинителството поднесе кривична пријава против родителите на децата кои ја злоупотребиле 14-годишното девојче во Ѓорче ПетровДесет возрасни лица, меѓу кои и родители на 4 деца, беа обвинети… Read more: Обвинителството поднесе кривична пријава против родителите на децата кои ја злоупотребиле 14-годишното девојче во Ѓорче Петров
- Замир: Израелската армија е подготвена повторно да го нападне ИранНачалникот на Генералштабот на израелската армија, генерал Ејал Замир денеска изјави дека… Read more: Замир: Израелската армија е подготвена повторно да го нападне Иран
- Три лица приведени, меѓу нив и сопственичка на салон за убавина за криумчарење филериПриведени се три лица меѓу кои и сопственичка на салон за убавина… Read more: Три лица приведени, меѓу нив и сопственичка на салон за убавина за криумчарење филери
- Овие хороскопски знаци мразат чекање и лоши изговориЗа некои луѓе, доцнењето не е само мала работа, туку знак на… Read more: Овие хороскопски знаци мразат чекање и лоши изговори
- Зошто никогаш не треба да седите со прекрстени нозеТреба да избегнувате седење со прекрстени нозе подолг временски период бидејќи тоа… Read more: Зошто никогаш не треба да седите со прекрстени нозе
Контроверзната тема наиде на лавина критики, а сега е објавена снимка на која се гледа интимниот живот на кумата на кокаинот Гризелда Бланко, чиј лик го толкува колумбиска актерка.
Софија Вергара во овие сцени гола има интимна врска со маж, а клучната слика буди јачина на страста. Интимните сцени предизвикаа лавина реакции.
Режисер на серијата е Андрес Баис, продуцирани од Софија Вергара и Ерик Њуман, по сценарио на Даг Миро и Ингрид Ескаједа.
Приказната доби главно позитивни критики – истото важи и за актерската задача на холивудската ѕвезда од Колумбија. Сепак, синот на Гризелда Бланко реагираше многу негативно, коментирајќи ја серијата, жестоко ја критикуваше Вергара и целиот тим.
Гледачите го следат влегувањето на Гризелда Бланко во светот на криминалот, а потоа и распаѓањето на нејзиното богатство поради општа параноја и предавство и распаѓањето на нејзините семејни врски откако таа заврши во затвор. Тогаш нејзината помошничка Риви (Мартин Родригез) ја презема главната улога.
Во серијата глумат Алберто Гера (трет сопруг на главниот лик), Џулијана Ајден Мартинез, Ванеса Ферлито и Кристијан Тапан.
Пронајдете не на следниве мрежи:



