Есенска мусака

 

500 г мешано мелено месо

2 модри патлиџани

3-4 компири

1 главица кромид

500 мл млеко

3 јајца

3 лажици брашно

40 г маргарин

200 г кашкавал

2 кафени лажици црвен пипер

масло, сол и мелен црн пипер по вкус

Испржете го исечканиот кромид на масло, додадете го меленото месо и зачинете. Откако месото ќе се испржи додадете го црвениот пипер, промешајте и тргнете од оган.

Измиените модри патлиџани исечете ги на кругови и испржете ги на масло.

Компирите излупете ги, исечкајте ги на кругови и запржете ги. Наредете ги во тава за печење и додадете половина од круговите модри патлиџани. Нанесете го испрженото месо и наредете ги преостантите  модри патлиџани.

На растопениот маргарин испржете го брашното, додадете го млекото и откако сосот ќе се згусне тргнете од оган. Додадете ги жолчките, промешајте и нанесете го сосот во тавата. Изрендајте го кашкавалот и печете ја мусаката 40 минути на 200 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.