Заврши првиот „CENTAR NIGHT RUN“ во Скопје

Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на „CENTAR NIGHT RUN“. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот, соопшти организаторот.
Настанот привлече учесници од 23 градови од Македонија и вкупно девет земји, а 50% од тркачите беа помлади од 30 години. Со старт и цел пред Општина Центар, на улицата „Орце Николов“, учесниците се натпреваруваа на две дистанци: полумаратон од 21 километар и трка на 5 километри.
Во женска конкуренција на трката од 21 километар, победи Адријана Поп Арсова Рашиќ со време 1:18:26 и награда од 20.000 денари. Второто место го освои Биљана Кираџиева со 1:24:30 и награда од 15.000 денари, а третото Марија Остојчиќсо 1:37:37 и награда од 10.000 денари.
Во машка конкуренција, прв беше Бојан Чаприќ со време 1:14:50 и награда од 20.000 денари. Втор заврши Димитар Илиев со 1:15:05 и награда од 15.000 денари, а трет Кокан Ајановски со 1:15:38 и награда од 10.000 денари.
Сите освојувачи на првите три места на полумаратонот се од Македонија.
Во женска конкуренција, на трката од 5 километри победи Дарија Крстевска со време 18:47 и награда од 12.000 денари. Второто место го освои Снежана Димовска со 21:21 и награда од 9.000 денари, а третото Бистра Груевска со 21:28 и награда од 6.000 денари. Сите три првопласирани се од Македонија.
Во машка конкуренција, победи Албион Имери од Косово со време 15:35 и награда од 12.000 денари. Втор беше Григоријан Никовски од Македонија со 15:50 и награда од 9.000 денари, а трет Урош Гутић од Босна и Херцеговина со 17:13 и награда од 6.000 денари.
Вкупниот награден фонд изнесуваше 144.000 денари, со еднакви награди за жените и мажите на двете дистанци.
„За атмосферата се погрижија водителката Даниела Станоевска Џидрова и диџеј Вито, а за освежување на учесниците беа обезбедени вода, вода со вкусови, електролити и банани.
Организаторите им се заблагодаруваат на учесниците, публиката, волонтерите, партнерите и ангажираните екипи. Посебна благодарност упатуваат до МВР за обезбедувањето и регулирањето на сообраќајот и до жителите на Центар за трпението и разбирањето за време на трката.
„CENTAR NIGHT RUN“ го организира „ПРВ ДО ВРВ“, со поддршка на Општина Центар, со желба трката да прерасне во нова градска традиција“.
The post Заврши првиот „CENTAR NIGHT RUN“ во Скопје appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: