Загина возач во гостиварско – излета од патот кај село Лакавица

МВР информира дека вчера наутро во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат Гостивар – с. Србиново, на влез за с. Лакавица, патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од с. Беловиште, гостиварско, излетало од патот.

-Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Увид на место извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи: