Заев: Поединци викаа “Никогаш Северна, само Македонија“

Loading...

За време на вчерашната посета на Брисел, осврнувајќи се на националистички скандирања на плоштадот во Скопје на прославата со ракометарите на РК „Вардар“ кои вторпат ја освоија титулата европски првак премиерот Заев рече:  Ние освоивме шампионска титула во Европа, не во некој варварски регион и затоа сите треба да се однесуваме европски.
Знам дека се работи за поединци. Имав прилика да го примам РК „Вардар“. Беа сите ракометари, тренерот и ветија дека ќе дадат право сите да се радуваат за европската титула, рече премиерот Заев и додаде дека сите треба да се однесуваме еворопски, затоа што тоа е обврска на граѓаните, а ние сме пример за европски манири.

loading...