Замена за пире од компир: Рецепт за пире од грашок

Денес ви споделуваме рецепт за пире од грашок кое е совршено како намаз за тост или прилог за печено/пржено месо.

Потребни состојки:
300 грама свеж или замрзнат грашок
25 грама сирење
1 лажичка сол
½ чешне лук
свежо нане
3 супени лажици екстра девствено маслиново масло
2 супени лажици сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса.
    2.По желба додадете уште лимон, сол и сирење.
    3.Послужете како намаз или прилог. На здравје!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.