Претседателот на партијата Демократско движење и пратеник во Собранието, Изет Меџити изјави дека носењето на уставните измени поврзани со Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ ќе биде услов за евентуална коалиција по парламентарните избори со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ.
- Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по тешкиот пораз на локалните избори: „Ако нема друг кандидат за лидер на партијата, ќе го предложам моето име“
- Повредениот Хамнеи е надвор од јавноста, но влијае на воената стратегија, проценуваат американските разузнавачки служби
- Само неправда. Во Кочани уште еден, 42.Марш за ангелите
- Јакимовски за Лукровски: Ако е на боледување, зошто барале да биде избришан од Централен регистар од одговорно лице во Општина Карпош?
- Ретроградниот Плутон во Водолија пристигна: 4 знаци се на тест до 16 октомври
- Иран: Непрекинат извоз на нафта и покрај конфликтот
- Не размислуваат за разликата од 44 години: Мик Џегер не ги трга очите од својата свршеница
- (Видео) „Спречив обид за нелегално истурање градежен шут“, се пофали градоначалникот на Аеродром
- Филипче: Сѐ што кажува премиерот е само изговор, ние бевме АНТИфашисти, а тие тогаш соработуваа со фашистоте
Меџити, во интервју во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, вели дека за Албанците, но и за сите други граѓани на Македонија, приоритет над приоритетите е европската интеграција, и затоа нивниот став е јасен – носење на уставните измени со кои би се отворил патот на земјата кон Европската Унија.
Демократско движење, според него, нема по секоја цена да прифати да биде дел од некоја власт која нема да има приоритет „да ја започне работата со европските интеграции“.
Ние немаме друг избор, друга алтернатива немаме. Ние себеси не се гледаме како дел од власт која нема да има евроатланска ориентација. Ова сме го докажале пред две години, со придонесот на Кастриот Реџепи, а и мој со тоа што успеавме да ја задржиме Македонија на евроатлантскиот пат, рече Меџити.
Пронајдете не на следниве мрежи:



