ЗЕЛЕНСКИ: Русија ќе се обиде да го уништи нашиот енергетски систем оваа зима

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека Русија ќе се обиде да го „уништи“ украинскиот електроенергетски систем во текот на зимата бидејќи минатата година ги интензивираше нападите врз таа инфраструктура.

ЗЕЛЕНСКИ: Русија ќе се обиде да го уништи нашиот енергетски систем оваа зима

„Оваа зима руските терористи повторно ќе се обидат да го уништат нашиот електроенергетски систем“, рече Зеленски во дневната порака на социјалните мрежи, додавајќи дека украинските власти се „целосно свесни за опасноста“.

Тој додаде дека Украинците се подготвуваат за „заштита на производствените капацитети и обезбедување на електрична и топлинска енергија и обновување на се што е оштетено во нападите“.

„Многу е важно да се победи оваа зима, да се надминат сите тешкотии и да се обезбеди заштита на нашиот народ“, рече Зеленски.

Минатата зима беше одбележана со кампања на руско бомбардирање на украинската инфраструктура што редовно втурна милиони луѓе во студ и темнина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.