Зошто треба да јадете кромид?

Loading...

Кромидот е достапен преку целата година, а доколку сакате да го одгледувате во вашата градина не ви се потребни некакви специјални услови. Некои го избегнуваат поради непријатниот мирис, но треба да јадете кромид бидејќи го чува здравјето на целиот организам, ви дава енергија и е заштита од многу болести.
Кромидот е присутен во народната медицина уште одамна и се истакнува неговата ефикасност. Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат кромид имаат намален ризик од карцином на белите дробови. Со редовно консумирање на кромид се намалува и ризикот од појава на астма.
Убод од инсекти


Сокот од црвен кромид помага за убод од инсекти. Намачкајте го местото со свеж сок од црвен кромид, особено во текот на првите неколку часа од убодот.
Го чува здравјето на срцето и крвните садови
Кромидот го чува здравјето на срцето, спречува тромбоза и згрутчување на крвта.
Спречува болки во увото и ви помага да имате повеќе енергија.
Отежнато мокрење
Овој проблем ќе го решите доколку во сад со литар вода сварите сечкана главица кромид со магдонос и целер. Варете 10-15 минути и повеќе пати дневно пијте мала шолја од оваа течност.
Болки во матката
За болки во матката треба да исечете главица кромид и треба да го варите во пола литар млеко околу 10 минути. Половина од ова млеко се пие наутро, а половина навечер.
Дишни патишта
Во литар вода ставете половина килограм ситно исечкан кромид и иста количина шеќер и варете 3 часа. Откако ќе се излади додајте 3 големи лажици мед, промешајте и ставете во тегла. Една лажица од оваа смеса додајте во половина чаша млака вода и пијте неколку пати дневно.
Сувата кашлица исто така се лечи со исечкан, пржен кромид кој треба да го промешате со козјо млеко и мед.

loading...