Идеја за летен десерт: Колач со кајсии

Loading...

Ако обожавате кајсии, ќе ви се допадне овој рецепт.
Потребни состојки:
1 кг кајсии
Путер
¾ шолја шеќер
Лажичка екстракт од ванила
4 јајца
2 шолји брашно
3 лажици прашок за печиво
Малку сол


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измијте ги кајсиите, извадете ги семките и тргнете 500 гр на страна. Останатите кајсии ставете ги во блендер.
Со миксер изматете путер и шеќер и додајте јајца и ванила. Во добиената смеса додајте брашно, прашок за печиво, сол, а потоа додајте го и пирето од кајсии. Измешајте па ставете ја смесата во тавче за печење. Одозгора наредете го остатокот од кајсиите и печете во загрејана рерна околу 55-60 минути. Откако малку ќе се излади колачот, наросете шеќер во прав.

loading...