Идеја за појадок: Овесна каша со бело чоколадо и јагоди

Loading...

Потребни состојки:
1 јајце
1 лажица мелено ленено семе
1-2 лажици засладувач
4 лажици овесни снегулки
50 г бело чоколадо
350 мл вода
Јагоди, путер, чоколадо
Начин на подготовка:
Во сад на оган ставете го млекото/водата, јајцето и овесните снегулки и убаво измешајте. Додадете засладувач по желба и варете 8-10 минути на средна температура. Додадете и лажица мелено ленено семе. На крај додадете 4-5 коцки бело чоколадо и измешајте убаво да се растопи. Сервирајте, додајте чоколадо, путер и свежи јагоди.

loading...