Ирак распоредува сили на границата со Турција

Ирачките гранични сили во четвртокот започнаа со распоредување единици и изградба на нови пунктови на планинските области во областа Амадија во Дохук, во близина на турската граница на северот од земјата.

Командата на ирачките гранични сили во соопштение информира дека „ 1-та гранична бригада успеала да напредува кон граничната нулта точка и да држи гранични пунктови, а таму подигнато било и ирачкото знаме.

Новите воени станици ќе бидат опремени со модерни технологии за ефикасно да ги контролираат границите и соодветно да се спротивстават доколку има потреба од тоа, стои во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: