Иран го повика целиот муслимански и арапски свет да се приклучат во војната – Ибрахим Раиси: Мора да се обединиме

Иранскиот претседател Ибрахим Раиси ги повика сите исламски и арапски земји да се обединат во војната против Израел.

Конфликтот меѓу Израел и Палестинците по упадот на Хамас на израелска територија денеска влезе во својот петти ден.

Повеќе од 1.300 луѓе беа убиени за време на нападот на Хамас во текот на викендот.

Израелската војска претходно соопшти дека Хамас држи најмалку 97 заложници, додека милитантната група тврдеше дека држи 130 луѓе. Израел брзо одговори на нападите со бројни ракетни напади. Бројот на загинати Палестинци во израелските воздушни напади врз Појасот Газа надмина 1.300, соопшти денеска Министерството за здравство на Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.