Испил апчиња за ерекција и завршил на лекар

Loading...

Илјадници мажи низ светот се соочуваат со здравствената состојба позната како пријапизам – долги, непотребни и болни ерекции.
Иако никогаш не е официјално потврдено што ја предизвикува оваа состојба, се верува дека еден од клучните фактори може да биде употребата на лековите за потенција.
Според податоците на британската агенција за лекови и здравство, можно е барем 28 мажи минатата година да умреле од вијагра или од нејзини евтини, генерички верзии.
Интересно е што многу од нив прво пријавиле проблеми со срцето, а потоа и со видот. Се проценува дека само во Велика Британија годишно се пијат околу 3,5 милиони таблети вијагра.
Меѓу 279 извештаи во кои вијаграта се спомнува во негативен контекст минатите две години, се наведува и случајот на мажот кој останал без пенис.
По долготраен пријапизам, на лекарите не им останало ништо друго освен да го ампутираат неговиот болен и набрекнат орган.
Слично му се случило пред неколку години на еден колумбиски фармер кој се предозирал со вијагра за да ја импресионира партнерката.
Несреќниот маж со денови имал ерекција, па посетил доктор. Во болницата утврдиле дека пенисот му е воспален и скршен на неколку места. Покажувал и знаци на гангрена па му го отсекле за гангрената да не се прошири по целото тело, пишува

loading...