Последната анкета во Франција покажа дека дури 72 отсто од нејзините жители стравуваат дека нивната земја може да биде нападната на ист начин како што палестинското движење Хамас го нападна Израел.
Резултатите од истражувањето на Францускиот институт за јавно мислење ги објави дневниот весник „Фигаро“ во кој се наведува дека повеќе од 80 отсто од анкетираните стравуваат дека ќе ги почувствуваат последиците од ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт.
- Причината за смртта на 20 годишната студентка од Турција сè уште е непозната
- Од нафтени гиганти до банки: Овие компании заработуваат милијарди долари од војната во Иран
- По 7 мај, три хороскопски знаци можат да се надеваат на пари
- „Не сум декор во политички театар“ – советничка на ЗНАМ од Прилеп ја напушти коалицијата
- Румен Радев вети стабилност, правда и европска држава
- Нов раст на цената на златото
- Зошто ракот на срцето е толку редок?
- По серија тужби: ChatGPT воведува функција што го предупредува семејството во случај на ризик од самоубиство
- Мицкоски: Владата вложува во спортот, тоа е иднината на Македонија
Стравот од терористички напад од големи размери се објаснува со тоа што значителен дел од Французите (37%) го поддржуваат Израел, а не Палестинската национална управа (20%).
Чувството на опасност го поврзаа и со терористичките напади кои Франција ги доживеа на 13 ноември 2015 година, кога џихадистите го нападнаа театарот Батаклан. Загинаа 130 луѓе, а повеќе од 350 беа повредени.
На 24 октомври, на прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Емануел Макрон рече дека Франција и Израел можат да создадат регионална коалиција за борба против тероризмот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



