Италија ја прекинува суспензијата за финансирање на УНРВА



Италија привремено го имаше суспендирано финансирањето на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци

Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, вели неговата земја ќе продолжи со финансирањето на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) како дел од пакетот помош од 35 милиони евра.

Италијанскиот министер за надворешни работи рече дека 5 милиони евра ќе одат за проекти на УНРВА, а остатокот ќе бидат наменети за иницијативата „Храна за Газа“.

Италија привремено го суспендираше финансирањето на УНРВА по обвинувањата од Израел дека дел од нејзиниот персонал бил вмешан во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, што беше причина за почеток на војната во Појасот Газа.

„Италија одлучи да продолжи со финансирањето на конкретни проекти наменети за помош на палестинските бегалци, но само според строги проверки кои ќе гарантираат дека ниту еден цент нема да се користи за поддршка на тероризмот“,

изјави денеска Тајани.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци во Појасот Газа вработува 13.000 луѓе кои раководат со училишта, клиники за прва помош и обезбедуваат други социјални услуги.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: